Како да ја поставите и да ја користите бесплатно Outlook

Научете за бесплатната верзија на Outlook, услугата за е-пошта од Microsoft. Ќе дознаете како функционира Outlook во вашиот прегледувач за да ви помогне да ја составувате, праќате, примате и организирате вашата е-пошта.

Што ви треба

За да почнете со Outlook и за да го следите овој курс, ќе ви треба:

  • десктоп или лаптоп компјутер што работи со Windows или MacOS
  • активна врска со интернет и достапни податоци
  • најнова верзија на оперативниот систем на компјутерот
  • прегледувач Edge инсталиран на компјутерот.
Outlook
За да ја користите Outlook можете да го користите кој било прегледувач, но секој може да функционира малку различно. Сепак ќе можете да ги следите упатствата.

Како да пристапите на Outlook

Главната интернет-страница за Outlook е https://outlook.com и вашата адреса на е-пошта на Outlook ќе изгледа вака вашетоиме@outlook.com (yourname@outlook.com)

Како да ја користите Outlook на мобилен уред

Можете да ја користите верзијата на апликацијата Outlook на уред со Android, на iPhone или на iPad:

  • можете да ја преземете официјалната апликација Outlook од App Store (за iOS) или од Play Store (за Android).
  • создадете нова адреса и лозинка за Outlook или употребете ја онаа што веќе ја имате.
  • најавете се на апликацијата со адресата и лозинката за Outlook.

Кога апликацијата е поставена на вашиот мобилен уред, Outlook ќе се синхронизира автоматски помеѓу верзијата на апликацијата и интернет-прегледувачот.

Outlook исто така има и верзија со плаќање, но можете да ги користите најважните функции за е-пошта бесплатно.

Користете ја само официјалната апликација Outlook на мобилниот уред. Достапни се и други апликации за е-пошта, но можеби ги немаат сите најнови безбедносни функции на официјалната апликација.

Outlook исто така претставува ваша сметка за Microsoft

Вашата адреса и лозинка за Outlook исто така може да се употребат за најавување на сметката на Microsoft (Microsoft Account), а тоа ви дава пристап до голем број функции во интернет-прегледувачот Edge, и исто така може да се употребат за безбедно најавување на десктоп или лаптоп компјутер со Windows.

Outlook исто така може да се употребува за управување со е-пошта што завршува со @hotmail.com or @live.com, ако имате таква.

Како да поставите сметка на Microsoft Outlook

За да поставите целосно нова сметка на Microsoft и адреса на Outlook, посетете ја https://outlook.com и, во горниот десен агол на страницата кликнете на Најави се (Sign in):

  1. кликнете на Немаш сметка? (No account?) Создај една! (Create one!) и следете ги чекорите.
  2. кога ќе ви биде побарано, изберете едно уникатно име за адресата на е-пошта, коешто ќе се појави пред делот @outlook.com.
  3. ако името што сте го избрале веќе се употребува, Outlook ќе ви предложи некои алтернативни имиња или можете да изберете некое друго
  4. можете да го изберете сопственото име или нешто различно
  5. ако вашето име веќе се употребува, обидете се да додадете неколку бројки на крајот
  6. кога ќе ви биде побарано, изберете една силна лозинка што претставува комбинација од големи и мали букви, бројки и знаци
  7. прво внесете ги името и презимето како што би сакале да појавуваат во полето Од (From) на е-пораките што ги праќате.

Читање и управување со е-пошта во Outlook

Кога ќе се најавите на Outlook ќе се отвори една страница што ви покажува список со е-пораките во вашето Дојдовно сандаче (Inbox). Новите (New) и непрочитаните (unread) е-пораки се појавуваат со задебелени букви. Во левото мени:

  • Несакана е-пошта (Junk Email) е список со непожелна или непотребна е-пошта што ќе се избрише после 10 дена.
  • Нацрти (Draft) се е-пораките што ги пишувате, но сѐ уште не сте ги пратиле.
  • Испратени (Sent) се е-пораките што сте им ги испратиле на други лица.
  • Избришани ставки (Deleted items) се е-пораките што сте ги избришале сами и кои ќе се избришат трајно по 30 дена.
  • Архива (Archive) е список со е-пораки што можеби сте ги архивирале.

На врвот на страницата:

  • папката Фокусирани (Focused) содржи е-пораки од лица кои ги познавате и е-пораки што се поважни од останатите.
  • папката Други (Other) ги содржи останатите е-пораки, на пример, понуди за зделки, друг рекламен материјал и пораки од социјалните мрежи.

Кликнете на која било е-порака за да го отворите во Екранот за читање (Read screen). Прилозите се појавуваат во помало поле. За да избришете некоја е-порака, кликнете со десен клик во Дојдовното сандаче (Inbox) и изберете Избриши (Delete)од менито што ќе се појави.

Безбедно е да ја отворите пораката и да го прочитате главниот текст на пораката, бидејќи прегледувачот го штити вашиот компјутер. Но, важно е да не кликнувате на врски во е-пораки за кои не сте сигурни или да преземате прилози без да ги скенирате со антивирусна програма пред да ги отворите.

Како да ја смените лозинката за Outlook

Ако треба да ја смените лозинката за Outlook (Outlook password), следете ги овие чекори:

  1. Напишете https://account.live.com во картичката за пребарување на вашиот прегледувач.
  2. Можеби ќе треба да се најавите (sign in) внесувајќи ја лозинката за Outlook (Outlook password).
  3. На страницата што ќе се појави, кликнете на Безбедност (Security) во горното мени.
  4. Во Основи на безбедност (Security basics), во Полето за безбедносна лозинка (Password security box), кликнете на врската Промена на мојата лозинка (Change my password).
  5. Ќе видите три текстуални полиња. Првото поле е за Тековната лозинка (Current password), а второто поле е за да изберете Нова лозинка (New password).
  6. Внесете ја вашата нова лозинка вторпат за да ја потврдите.
  7. Кликнете на Зачувај (Save) за да ја потврдите новата лозинка.

Праќање, примање и организирање на пошта во Outlook

За да напишете е-порака:

  • кликнете на копчето Нова е-порака (New mail) и на екранот што ќе се појави внесете ја адресата во полето До (To), предмет (subject) и напишете ја вашата адреса на е-пошта.
  • Одговорете (Reply) на е-порака така што ќе ја отворите во екранот за читање, и потоа ќе кликнете на копчето Одговори (Reply). Напишете го одговорот во екранот што ќе се појави.
  • можете да им одговорите на сите на коишто им била испратена е-пораката ако кликнете на копчето Одговори им на сите (Reply to all) и нивните адреси ќе се ископираат во полето До (To).
  • можете да Препратите (Forward) некоја е-порака ако ја отворите во прозорецот на читање и кликнете на копчето Препрати (Forward). Напишете една адреса во полето До (To).

За да приложите датотека или слика:

  1. откако сте ја напишале вашата е-порака, кликнете на иконата со спојница (paper clip icon) што се наоѓа десно од копчето Испрати (Send).
  2. од менито што се појавува, изберете Прелистај низ овој компјутер (Browse this computer).
  3. ќе се појави панел на File Explorer (во Windows) или на Finder (во MacOS).
  4. најдете ја и кликнете на датотеката или документот што сакате да го приложите.

За да пратите е-порака:

  1. кога сте подготвени да ја пратите е-пораката, кликнете на Прати (Send) во долниот дел на екранот.
  2. во е-пораките што сте ги пратиле користејќи ги опциите Одговори (Reply) или Одговори на сите (Reply to all), пред оригиналниот предмет на пораката ќе се прикажува кратенката Re:.
  3. кај е-пораките што сте ги пратиле користејќи ја опцијата Препрати (Forward), пред оригиналниот предмет на пораката ќе се прикажува кратенката Fwd:.

Други нешта што можете да ги правите во Outlook

Outlook има многу други функции што можете да ги разгледате:

  • Пребарување (Search). Користете ја Лентата за пребарување (Search bar) за да пребарате е-пораки во вашите папки Дојдовно сандаче (Inbox), Архива (Archive), Испратени (Sent) и Нацрти (Drafts).
  • Папки (Folders). Можете да ги организирате е-пораките во папки. Кликнете со десен клик во Дојдовното сандаче и изберете Премести (Move) од менито, за да создадете нова папка или за да употребите постоечка папка.
  • Пријави (Report). Држете го глувчето преку обоениот круг што се наоѓа лево од Името за прикажување (Display Name) на несаканата е-порака, кликнете на белото крукче што се појавува, потоа кликнете на копчето Пријави (Report) и изберете Пријави несаканата е-порака (Report Junk). Во иднина, Microsoft ќе ги става пораките од овој испраќач во папката Несакана е-пошта (Spam).
  • Промена на вашето име за прикажување (Change your Display Name). Можете да смените како ќе се прикажува вашето име во е-пораките што ги праќате преку запченикот кругот на профил што се наоѓа во горниот десен дел на страницата.

Како да избришете адреса на Outlook и сметка на Microsoft

Можете целосно да избришете сметка на Microsoft и адреса на Outlook поврзана со неа.

  1. Напишете https://account.live.com/closeaccount во Адресната лента (Address bar) на прегледувачот и притиснете на Enter на тастатурата.
  2. Можеби ќе треба да ја внесете Лозинката за Outlook (Outlook password) или да одговорите на некои други безбедносни прашања.
  3. Кога ќе го видите екранот Бидете сигурни дека вашетоиме@outlook.com е подготвено за затворање (Make sure yourusername@outlook.com is ready to close), внимателно прочитајте ги информациите и кликнете на Следно (Next) за да ја почнете постапката.